Франција покрена истрага за наводно договарање на Либорот

Франција покрена истрага поради сомневањата за лажирање на меѓубанкарската каматна стапка Либор, објави претставник на француското министерство за правда.

Истрагата е отворена по вложената жалба од еден акционер на банката Societe Generale.
Каматната стапка Либор е ориентациона за широк спектар главни инструменти во светскиот финансиски систем.
Прелиминарната истрага е покрената уште во септември, а скандалот со Либор изби кога британските и американските регулатори ја казнија британската банка Barclays со 290 милиони фунти поради обид за манипулирање со меѓубанкарските каматни стапки Либор и Еубор во периодот од 2005 до 2009 година.

Barclays е единствената банка која е досега казнета, но се верува дека истрага се води во најмалку 15 банки ширум светот.
Либор или Лондонската меѓубанкарска стапка е дневна референтна стапка по која банките една на друга си позајмуваат пари на Лондонскиот меѓубанкарски пазар, додека Еубор е еквивалент во еврозоната.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: