На азиските берзи во вторникот се тргува внимателно, бидејќи на инвеститорите им недостасуваат насоки од Wall Street, каде берзата вчера беше затворена поради ураганот Sandy.
На Токиската берза индексот Nikkei изутрината беше во минус 0,9 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг паднаа во просек 0,7 отсто.
Од друга страна, зајакнаа берзанските индекси во Австралија, Сингапур, Шангај и Јужна Кореја, од 0,2 до 0,6 отсто со што MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без јапонските акции, откако вчера падна на најниско ниво за последните две недели.
Благиот раст на цените на азиските акции најмногу се должи на корекција на падот во претходните денови.
На пазарите на капитал на азиските берзи на инвеститорите им недостасуваат насоки од најголемата светска берза, со оглед дека Wall Street нема да работи ниту денеска, а прашање е дали ќе отвори и утре.
Во фокус на инвеститорите изутрината беше седницата на челниците на Bank of Japan кои одлучија да ја зголемат програмата за откуп на вредносни хартии за 11.000 милијарди јени (138 милијарди долари) за да ја зголеми ликвидноста на финансиските пазари и го поттикне кредитирањето.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: