Иако често се гордееме со нашето образование, Македонија за жал не се наоѓа на оваа листа која ја состави „Организацијата за економска соработка и развој“ www.oecd.org за најобразованите нации во светот. Титулата за најобразована земја ја понесе Канада.
Истражувањето опфати вкупно 34 земји,членови на оваа организација на индустриски земји и уште осум влијателни светски економии, а составена е според бројноста на високообразовани возрасни жители пренесува Танјунг.
Ова е листата на 5те најобразовани нации во светот.
1.Канада
Во оваа земја 51% од возрасните жители имаат универзитетска диплома, а до пред 10 години оваа бројка беше 40%. Канада претставува единствена земја во која повеќе од половина возрасни жители имаат завршено факултет, иако државата во образование вложува 6,1% од бртуо домашниот производ.
2.Израел
На второ место се наоѓа Израел каде 46% од возрасното население завршил факултет, и каде во 2009 година вложувањето во образовниот систем извесува 7,2% од БДП.
3.Јапонија
Во оваа земја сериозно се вложува во образованието. Со 45% високо образовани жители Јапонија се наоѓа на третото место. Вложувањето на државата во образованието во 2009 изнесуваше 5,2% од БДП.
4.САД
На четврто место во е САД СО 42% факултетски образовани жители.Во оваа голема држава во 2009 година е издвоено 7,3% од БДП.
5.Нов Зеланд
Земја во која бројот на образовани се зголеми за 12 години 12%, во 2000 година имаше 29%образовани жители а сега тој број инезува 41% виско образовани лица.
5-те најбогати луѓе низ историјата
5-те најголеми мани на хороскопските знаци
10 интересни факти кои сигурно не ги знаете
Пронајдете не на следниве мрежи: