Положбата во која спиете открива многу за вашата врска

 

Положбата во која спиете ја открива поврзаноста меѓу партнерите како и ситуацијата на сексуалното поле. Промената на положбата може да значи и проблем во врската. Една од најчестата положба во која спијат паровите е лице во лице.

 

Положбата во која партнерите спијат прегрнати, а нозете им се испреплетени е знак на интимност, љубов и сексуално разбирање.

Ако партнерите се раздвојат во текот на ноќта, тоа не значи дека не се сакаат, туку напротив тоа е знак на нивната независност. Доколку цела вечер останат да спијат прегрнати, тоа значи дека тие не можат да се замислат да живеат еден без друг.

Положбата во која спиете открива многу за вашата врска…

Иако анкетата која беше спроведена во Велика Британија покажа дека 90% од паровите, не си кажуваат ‘те сакам’ пред спиење, тоа не е знак дека љубовта не постои. Положбата во која спијат е токму начинот да се дознае дијагнозата за нивната врска.

 

Една од најчестите положби е спиењето лице во лице. Таа покажува дека партнерите се удобни еден со друг, слободни и интимни, но и дека имаат вистинска потреба еден од друг. Тие спијат без да се допираат, што не значи дека тие се во криза туку дека постои длабока доверба меѓу нив.

 

Паровите спонтано се договараат за начинот на нивното спиење. Ако нешто се промени во нивната положба, тоа многу често значи дека постојат и значителни промени во врската.

 

Заљубени и слободни

Положбата во која спијат партнерите кога се свртени со грбот еден спроти друг, без да се допираат не значи дека нивните односи се ‘оладени’, туку дека тие се слободни и дека си ја сакаат својата независност.

 

Положба ‘те чувствувам’

Ако парот е свртени со грб еден до друг, но се допираат тоа значи дека им е удобно во врската. Чувствуваат блискост и се опуштени кога се заедно. Оваа положба е омилена кај парови кои штотуку започнале да бидат заедно.

 

Положбата ‘spoon’ и Супермен значат дека некој во врската е посилен

Потребата за сон често знае да ја надмине потребата за нежност. Дури еден од 10 парови признава дека спијат одвоено со цел да спијат подобро. Положбата во која спиете многу издава за вашата личност бидејќи додека спиете вие сте ранливи и не можете да си ги контролирате своите актови. Во таа положба тешко е да изглумите, паѓаат сите маски и може многу да откриете за себе. Ако спиете склопчени со тоа издавате дека ви треба некој да ви верува и дека сакате да се чувствувате сигурна. Личностите кои спијат растегнати низ целиот кревет се обично личности кои се способни да превземаат одговорност за себе и дека живеат за авантури. Ако спиете прегрнати со вашата перница, тоа значи дека сте многу романтични.

 

Кога сте нервозни и ги чувствувате работите надвор од контрола, обично сакате да го заштитите најранливиот дел од вашето тело, а тоа е предната страна. Доколку спиете на стомак, а рацете ви се над вашата глава, тоа значи дека сте упорни и тврдоглави но и дека сте спремни да се борите за вашите идеали.

 

Положба ‘spoon’ од женска страна

Доколку жената е таа која го прегрнува мажот , тоа значи дека таа е посилната во врската и сака да го заштити својот партнер.

 

Superman положба

Положбата во која мажот е тој кој го завзема целиот кревет,а жената речиси е на работ од креветот положбата се нарекува Супермен. Тоа значи дека тој е крал на својот простор и е навикнат да биде по негово. Најчесто нивните партнерки се навикнати да им угодуваат.

 

Вечна романса

Положбата во која спијат паровите кои ги гледаме на филмовите, каде машкото спие на грб, а девојката му е потпрена на неговото рамо и го прегрнува е знак на голема љубов. Оваа положба е популарна кај нови парови, кои често заспиваат на овој начин, како и положба во која спијат после водење љубов.

 

Супер-жена

Ако спиете во истата положба како што е Супермен положбата, само што жената е таа која го завзема целиот простор на креветот тоа значи дека на неа и е потребен простор, а нејзиниот партнер има разбирање.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

Зошто жените сакаат постари мажи?

 

 

 

Митови за љубовта кои ни го згорчуваат животот

 

 

 

Кои пијалоци делуваат како афродизијак

 

Пронајдете не на следниве мрежи: