Експлозив пронајден во остатоците од урнатиот авион на Качински

Полските истражители пронајдоа траги од експлозив во остатоците на владиниот авион што се урна во Русија пред две години, кога загина претседателот Лех Качински и уште 95 лица, објави дневниот весник Rzeczpospolita.

Не наведувајќи го изворот, весникот пишува дека обвинителите и експертите за експлозиви пронашле трагови од ТНТ и нитроглицерин на крилата на авионот и во кабината.
Траги од експлозив се пронајдени и на подрачјето во близина на Смоленск каде на 10 април 2010 година се урна владиниот Ту-154.
Руските истражители за несреќата ги обвинија пилотите на авионот поради обидот да слетаат во густа магла, дека полската страна тврди дека контролата на летање не смеела да дозволи слетување на авионот.
Според службените извештаи, истражителите не пронашле докази за вмешаност на трета страна во несреќата.
Меѓутоа, полскиот весник не ја исклучува можноста трагите од експлозив да потекнуваат од неактивирани бомби од Втората Светска Војна кои сеуште ги има на подрачјето околу Смоленск.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: