Капитенот на машката ракометна репрезентација Кирил Лазаров на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар со Швајцарија истакна дека владее огромно незадоволство во селекцијата, главно од односнот на РФМ кон нив.
„До сега ми се нема случено вакво нешто, на прес-конференција да нема никој од челниците на РФМ. Дефинитивно ова дава сосема јасна слика на нивниот однос кон репрезентацијата, односно на вниманието кои тие ни го посветуваат нам, на ракометарите“ изјави Лазаров притоа дополнувајќи…
„Во моментов сум капитен на 20 крајно незадоволни играчи, синоќа имавме состанок со предводниците на македонскиот ракомет на кој се случија немили сцени, негово напуштање, по што имав проблеми да ги убедам двајцата ракометари што го сторија тоа со солзи во очите да се вратат назад на состанокот“ изјави Лазаров нагласувајќи дека по утрешниот натпревар ќе ја информираат јавноста за нивниот официјален став.
Извор: www.mkd.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: