Станија се плаши за својот живот

Српската старлета Станија, како што веќе ве информиравме, веќе некое време живее и работи во Њујорк.

 

Таа замина за САД со желба да ја подобри својата кариера, но моментално ја дели судбината со приближно 50 милиони американци.

 

Деновиве, додека ураганот Сенди ја го пустоши источниот брег, потопувајќи цели квартови, улици и тунели, Станија се наоѓа во засолниште. Ситуацијата е се полоша, а познатата Старлета се плаши за својот живот.

 

Таа го изјави следново: “Многу сум уплашена, очајна… Седам во засолниште, веќе ни ја исклучија струјата. Единствено на рецепција има генератот, батеријата од телефон ми е веќе слаба. Наскоро ќе ми се изгаси телефонот…”

 

Пред два дена, Станија тргнала во набавка на продукти за да го издржи ураганот, но било предоцна, сите продавници биле урнати и опустошени. 

 

Поврзани статии:

Држејќи го бикот за тестиси, Станија замисли желба

На повидок нова војна помеѓу Станија и Нина Бадрич

Станија – секси штрумфета

 

Пронајдете не на следниве мрежи: