Германската полиција уапсила 37-годишен државјанин на Франција баран од мароканските власти, бидејќи ги сомничат дека е поврзан со терористичките напади од Казабланка од 2003 година, соопштија во вторникот германските власти.
Осомничениот бил приведен на меѓународниот аеродром во Минхен, откако со семејството допатувал од Париз и имал намера да го продолжи летот за Дубаи. Во вторникот навечер веднаш бил изведен пред суд и е покрената постапка за негова екстрадиција на Мaроко, се наведува во соопштението на германската полиција што го цитира Reuters.
Електронското издание на магазинот Die Welt, наведува дека 37-годишниот емигрант од Мароко, наместо да замине за Обединетите Арапски Емирати, завршил во минхенскиот затвор „Штадехајм“, каде што ќе го мине времето до израчувањето на властите во Рабат.
Бомбаши самоубијци во мај 2003 година во Казабланка предизвикаа серија експлозии во кои загинаа 45 луѓе, меѓу кои и 12 напаѓачи.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: