Меркел разговараше со лидерите на петте економски организации

Германската канцеларка Ангела Меркел повика во вторникот на состанокот со челниците на петте најголеми економски организации, на јакнење на довербата на финансиските пазари, јакнење на растот и вработувањето.

Глобализацијата бара продлабочување на соработката, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на состанокот со челниците на водечките светски економски организации, објави во вторникот навечер службата за односи со јавноста на сојузната влада на Германија. 

Таа го навела податокот дека 90 отсто од економскиот раст идните години во светот ќе се случат надвор од Европа.

На состанокот во Берлин, присуствувале генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (OECD), Анхел Гуриа, генералниот директор на Светската трговска организација (WTO), Паскал Лами, главниот директор на Меѓународната организација на трудот (ILO), Ги Ридер и извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), Кристин Лагард.
„Германија сака да биде добар партнер. Мораме да сториме сѐ за да ја поттикнеме домашната потрошувачка и така да го зголемиме извозот“, рекла германската канцеларка на прес-конференцијата по разговорите, нагласувајќи дека Германија сака да придонесе кон повторниот раст на убедливост и довербата на пазарите. Потсетила и на високите очекувања од Германија во меѓународната заедница, како и на тоа дека од неа предложените мерки треба да придонесат за создавање на работни места и надвор од Германија.
Почнувајќи од 2007 година, челниците на петте водечки светски економски организации редовно доаѓаат на состаноци со германската канцеларка. Во текот на состанокот во вторникот, соговорниците заклучиле дека недостигот од раст бара интензивни структурни реформи, кој може да се спроведат единствено преку процесот на дијалог меѓу вработените и работодавците.
На состанокот, исто така, било укажано на потребата од продолжување на „разумната“ буџетска политика со која решително се намалуваат долговите. Според главниот секретар на OECD, Анхел Гуриа, процесот на реформи во Германија, флексибилност на пазарот на трудот и изедначувањето на растот на продуктивноста и прилагодувањето на платите, претставуваат пример за јакнење на пазарите на трудот, се наведува во соопштението издадено од германската влада.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: