Пронајден е најсреќниот човек на светот

Невролозите од Универзитетот Винсконсен го скенираа мозокот на Матео Ришар, близок човек на Далиј Лама, и го прогласија за најсреќен човек на светот или барем најсреќен човек за кои тие знаат.

 

Скенирањето на мозокот на овој реномиран буда – мислител, покажало дека додека медитира, сивата маса од неговиот мозок емитува голема количина гама бранови каква што досега не е забележана. Овие мозочни гама бранови се поврзуваат со помнење, учење и свеста за работите околу. Тестовите покажале дека кај Ришар е зголемен и делот од мозокот кој ја зголемува способноста за среќа и ја намалува негативноста.

 

“Ова покажува дека медитацијата не е само блажена состојба што ја чувствувате под некое дрво, туку навистина го менува вашиот мозок, а со тоа и тоа што сте вие.” – изјави 66 годишниот Ришар, кој пред 10 години докторираше на областа клеточна генетика, но се откажа од научната кариера за да се посвети на религијата.

 

Ришар е автор на бестселерот Калуѓер и Филозоф, кој е напишана како дијалог помеѓу него и неговиот татко.

Самиот Матео Ришар изјави: – “Секој може да биде среќен ако на правилен начин го тренира мозокот. Механизомот на радоста и тагата е токму она со кое се занимава Будизмот и се обидува да го открие. Тоа е наука на умот.” 

 

Поврзани статии:

 Топ 5 најобразовани нации во светот 

5-те најбогати луѓе низ историјата

61 годишна жена роди близнаци

 

Пронајдете не на следниве мрежи: