Компанијата Lucasfilm Limited, која е во сопственост на Џорџ Лукас, режисерот на култните филмови Војна на Ѕвездите (Star Wars), ја продаде на компанијата “Walt Disney Co” за неверојатни 4 милијарди долари.
Филмското студио кое го основаше легендарниот Волт Дизни, ќе плати половина од цената во кеш (2 милијарди долари), додека другата половина ќе биде исплатен на други начини. Самото купување на компанијата подразбира подржување на разни филмски проекти кои се уште се во фаза на подготовки, меѓу кои секако најзначајно е новото продолжение на Војна на Ѕвездите.
“Последниве 35 години, мојот најголем сон беше да ја пренесам Војна на Ѕвездите од старите на новите генерации. Сега дојде време да ја пренесам таа бајка на новите филмаџии” – изјави Лукас вчера, 30 октомври, при потпишувањето на договорот.
Империјата на Дизни изјави за јавноста дека новото продолжение на култната Војана на Ѕвездите ќе почне да се емитува во кино салите на почетокот на 2015 година.
Поврзани статии:
Фото: Ликовите од Дизни, пресликани во реалниот свет
''Од Рим, со љубов''
Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм
Пронајдете не на следниве мрежи: