Пастув или пак срамежливко, секој маж сака да се покаже како вистински ѕвер во креветот. Сепак, малкумина од нив во суштина знаат што сè e потребно за да се возбуди една жена до степен на врвен оргазам.
Добар парфем
Ништо не стимулира толку брзо како добар машки парфем кој одлично се впива во испотената машка кожа. Затоа избирајте мудро. Мирисот на вашето тело создава еротична врска која ја возбудува жената уште пред да ја допрете. Избегнувајте тешки парфеми со нота на кокос и ванила бидејќи наместо да ја возбудите ќе и создадете впечаток дека се уште е во кујната и подготвува јадење.
Суптилно гризење
Користете го јазикот и устата како да ви се најдобри пријатели. Благото гризење зад увото и градите фантастично ќе ја завршат работата се додека си ги окупирате рацете со преостанатите делови од нејзиното тело. Во никој случај не и се обесувајте на вратот како вампир додека со простанатиот дел од телото не правите ништо. Секогаш можете благо да ја повлечете за коса или на момент страсно да ја стиснете до себе. И оваа техника функционира беспрекорно.
Сензуална масажа
Масажите се совршен начин некого да возбудите до оној момент кога ќе почне да ве моли за секс. Затоа развијте си добра техника и понудете и сензуална масажа. За ова ви е потребно да имате добро чувство за допир, зошто во спротивно ризикувате со штипење да и направите модринки.
Перверзност во умерени дози
Можете со часови да и раскажувате што сè планирате да и направите, но тоа нема да ви помогне ако не се фрлите во акција што поскоро. Безобразното шепотење звучи интересно, но кога нема и техничко надразнување сте ја утнале работата. Плескањето по задникот никогаш не е чиста случајност туку сигурен сигнал дека играта треба да стане по врела. Ова особено важи ако убаво ви го зграби задникот и ве привлече до себе. Врзувањето исто така може да биде возбудливо, но гледајте да го изведете со марама или нешто слично.
Три пози за сигурно поентирање
Колку повеќе пати имате секс во текот на една вечер толку потешко е да ја стимулирате доволно за да доживее оргазам. Затоа златното трио на пози кои функционираат речиси во секој случај е мисионерска, кучешка и V поза која е мошне слична на мисионерската со што нејзините нозе се на вашите рамена. Стимулацијата на вагината во оваа поза овозможува брз и експлозивен оргазам за паметење. Затоа секогаш кога сакате да поентирате имајте го ова во предвид.
Поврзани статии:
Еве што помага при импотенција
Упатство како да го изневерите без да ве фати
Како да ја изневерите без да ве фати
Пронајдете не на следниве мрежи: