Критична задравствената состојба на таткото на Новак Ѓоковиќ

Loading...

Таткото на најдобриот српски тенисер, кој од понеделник повторно ќе биде и број 1 на АТП листата, се наоѓа во критична состојба, пренесува весникот „Блиц“, повикувајќи се на извори од Клиничкиот центар во Белград.

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, пред една недела бил примен во Ургантниот центар, поради, како што тогаш било соопштено, проблеми со рбетот.
На Срѓан Ѓоковиќ во крвта му била пронајдена бактерија стафилокок, сепса, имал и проблеми со ’рбетот и белите дробови, акутен респираторен дистрес синдром и оток на белите дробови.
„Ситуацијата е тешка, тој е во критична состојба и неизвесно е да се прогнозира“, изјавил за Блиц неименуван извор од Клиничкиот центар.
Таткото на Новак Ѓоковиќ не беше со својот син на последните два турнира, а Новак во неделата итно допатувал во Белград за да го посети во болницата.
И покрај здравствените проблеми на неговиот татко, Новак не го откажа учеството на Мастерсот во Париз, тој во среда, во второто коло ќе игра против Американецот Сем Квери.

 

loading...
Loading...