Трагедија: И се јавиле на својата ќерка неколку минути пред својата смрт

Loading...

Во понеделникот во страотна сообраќајна несреќа на автопатот А1 во Хрватска, својот живот го загубија брачниот пар од Скрадин. Откако во нив се забило друго возило, двата автомобили на лице место се запалиле.

Против возачот на возилото кое ја предизвикало оваа несреќа Д.Ш (33) од Солин полицијата поднесе кривична пријава за предизвикување на несреќа во која две лица загинале, а тој и неговиот совозач В.З (33) од Каштел Шучурца се тешко повредени.

Според соопштението од хрватската полиција, Д.Ш. во понеделникот навечер додека управувал со својот автомобил кон Сплит, три километри пред одмаралиштето во Зир поради неприлагодена брзина се удрил во автомобилот во кој се наоѓал брачниот пар од Скрадин. Нивното возило стоело на левата лента бидејќи неколку минути претходно излетале од патот, притоа удирајќи во металната ограда, одбивајќи се и повторно враќајки се на автопатот. 

Претпоставка е дека Д.Ш. не го видел возилото коешто било превртено на автопатот, каде што притоа од силината на самиот удар предизвикал да двете возила се запалат. На самото место својот живот го загубиле С.Д. (57) и неговата сопруга Н.Д. (54).

Најголемата трагедија е информацијата која ја пренесува Вечерњи лист притоа соопштувајќи дека само неколку минути пред смртта на брачниот пар, брачниот пар и се јавил на својата ќерка на која и рекле дека чекаат полиција бидејки направиле полесна сообраќајна несреќа. Се станало уште потрагично кога девојката кога дошла во болницата во која биле однесени нејзините родители, притоа мислејќи дека нејзините се полесно повредени и била соопштена трагичната вест.

Гумите беа распаднати, насекаде имаше листови од книги, патики. Се чинеше дека возилото било турнато преку 200 метри. Поради силниот пожар неможевме да забележиме дека едното тело е сеуште во автомобилот – изјавува еден од лекарите на болницата Госпич кој бил меѓу првите кои стигнале на местото на несреќата.

Погледнете ги следниве статии

 Железничка несреќа во Словенија, досега 18 повредени лица

 

 

 

 Драган Паравиња осуден на 40 години затвор за убиство на Антонија Билиќ

 

 

 

 Еден загинат и шест повредени во експлозија на туристички брод во Грција

 

 

 

loading...
Loading...