Секс на универзитет – Економистите и социјалните работници се најпромискуитетни

Британската интернет страна StudentBeans спроведе анкета врз 4.656 студенти и од резултатите заклучи дека студентите по еконимија се најпромискуитетни.

 

Во просек, студентите по економија имале скоро 5 сексуални партнери од почетокот на студиите, поточно 4.88. На второ место биле социјалните работници со просек од 4.7 партнери, а потоа студентите на маркетинг – 4.57. Четвртото место по број на сексуални партнери припаднало на студентите на туризам и угостителство со 4.56 партнери а на пето место се нашле студентите по агрономија со 4.44 партнери.

 

Во првите 10 се нашле и инженерите а на дното на листата биле екологистите со 1,7 партнери и оние на теологија со 2,3. Тука некаде биле и филозофите и педагозите. Во првите 10 местото го нашле и студентите на уметност – 3,18.

 

Шест од десет испитаници спиеле со двајца или помалку партнери од почетокот на студиите. Цели 40 проценти имале само еден партнер, а само 5 проценти немале ниту еден сексуален партнер за време на студиите.

 

 

Поврзани статии:

Упатство како да го изневерите без да ве фати

Упатство до партнерката како се става кондом со уста

Како да ја изневерите без да ве фати

Пронајдете не на следниве мрежи: