Познатата српска пејачка, Јелена Карлеуша, утринава околу 10 часот, предизвика сообраќајна несреќа во центарот на Белград.
Српската полиција ја утврдила нејзината одговорност и против неа ќе биде крената прекршочна пријава. Несреќата настанала во моментот кога Карлеуша со својот џип удрила во друга кола во центарот на Белград. Пејачката не е повредена а според очевидците таа уредно чекала да дојде полицијата за да состави записник.
“Против Јелена Кралеуша ќе биде крената прекршочна пријава поради предизвикување на сообраќајна несреќа, која настанала затоа што Јелена Карлеуша не застанала на раскарсницата како што требала да направи” – изјавија од полицијата.
Пејачката наводно брзала за да ја однесе нејзината ќерка во градинка.
Поврзани статии:
Јелена Карлеуша пати за секс
Карлеуша без фотошоп!
Карлеуша го тужи Карло Бос
Пронајдете не на следниве мрежи: