Човек прегазен 15 пати на автопат

Српскиот државјанин Бојан С. предизвика изненадување кај полицијата во Швајцарија кога на повикот од возачот кој го прегазил притоа се пријавиле уште други петнаесет други лица.

Според швајцарските медиуми несреќата се случила минатата недела во четвртокот наутро на магистралниот пат А13. Бојан С. бил прегазен на автопатот во близина на Сент Гален.

Истрагата која што се води треба да покаже како српскиот државјанин се нашол на коловозот и дали во моментот на ударот тој веќе бил мртов. 

Се претпоставува дека возилото удрило во банкината, но сеуште не е јасно дали настраданиот излетал преку ветробранското стакло или испаднал од вратата, која се отворила во моментот на ударот. 

Останува отворена и можноста да после несреќата, тој да излегол сам од автомобилот притоа на него налетувајќи ги останатите петнаесет возила.

Погледнете ги следниве статии

 Трагедија: И се јавиле на својата ќерка неколку минути пред својата смрт

 

 

 

 

 

 Критична задравствената состојба на таткото на Новак Ѓоковиќ

 

 

 

 

 

 Запленет еден тон марихуана на албанско-грчката граница

 

Пронајдете не на следниве мрежи: