''Дали на Балканот кариерата е поважна од мајчинството''. Вака гласеше еден од објавените наслови на српскиот портал www.poznati.info.
Имено насловот на оваа објавена вест и немаше да привлече внимание во нашата јавност доколку во него не беше спомената нашата преубава поп-пејачка Викторија Лоба. Наводно според неофицијалните информации познатата македонска пејачка била бремена, притоа абортирајќи во Кипар.
На оваа пласирана информација конечно се огласи и симпатичната русинка со допис преку фејсбук профилот на македонското издание на познатиот магазин Свет.
'' Ја информирам целата јавност, а посебно моите фанови, дека кога ќе го имам тоа блаженство да бидам бремена и со тоа да станам и мајка, ќе бидам најсреќната жена на светот, затоа што за мене бременоста и мајчинството се Божја волја и само најсреќните жени на светот се почестени од таквата волја Господова.
Токму затоа, ни мојата лична кариера, ниту пак разните озборувања и измислици изнесени во српските медиуми не ќе можат да ме лишат од удобството и привилегијата да се биде мајка. Исто така, одлучно тврдам дека досега не сум ја имала таа среќа да бидам бремена''.
Со оваа порака Лоба ги демантираше сите досегашни гласини дека е во блажена состојба.
Погледнете ги следниве статии
Одличниот настап на Белов и Мајсторовиќ на Макфест
Почина Мис на Светот 2010
Северина лудува во дискотеките во Загреб
Пронајдете не на следниве мрежи: