Сите сме слушнале барем неколку страшни приказни во нашиот живот, па решивме да ви ги претставиме најстрашните урбани легенди, токму денес на Halloween.
Задното седиште.
Оваа приказна е слушната и во нашите краишта. Девојка останала до доцна вечерта на работа. Откако завршила, влегла во колата за да си замине дома. Возејќи се по полу празниот пат, автомобил позади неа се обидела да престигне, но наеднаш наместо колата да ја помине, возачот од неа почнал наеднаш да свири и сигнализира, следејќи ја. Девојката уплашена, возела со голема брзина и стигнала дома. Се заклучила во куќата и викнала полиција. Веднаш по полицијата, стигнал и возачот на автомобилот, кој им објаснил дека во моментот кога сакал да ја престигне, забележал човек на задното седиште на колата на девојката како се обидува во истиот момент со подигнат нож се обидува да ја заколе. За среќа, непознатиот маж се исплашил од светлата и звукот на сирената и чекал жената да стигне дома за да излезе од колата и да побегне во ноќта.
Автостоперка.
Еден млад дечко, возејќи се по автопатите низ Америка, забележал млада девојка како стопира на патот. Тој ја качил во колата и ја пренсол до нејзиниот дом што и бил во градот каде што тој патувал. Таа му се заблагодарила и си влегла во куќата. Утредента, момчето забележало шал во колата што девојката си го оставила. Бидејќи не размениле броеви, тој немал што друго да направи освен да отиде до нејзината куќа и да и го врати шалот. Но вратата на куќата ја отвориле постар маж и жена кои му објасниле дека нивната ќерка е мртва веќе 10 години. Таа загинала токму на вчерашниот датум, на местото каде што тој ја собрал со колата, и секоја година некој дечко им го носи шалот кој и припагал на неа…
Кревет.
Ова е всушност вистинска приказна. Млад брачен пар, веднаш по нивната венчавка, изнајмиле соба во хотел каде што сакале да го поминат нивниот меден месец. Но веќе првата вечер, во собата на хотелот се чувствувала неверојатно лоша миризба. Хигиеничарките на хотелот ја исчистиле собата 3 пати, но миризбата не си одела. Додека парот се пакувал да се премести во друга соба, сопругот случајно го тргнал горниот дел од душекот, мислејќи дека неговата жена таму ги ставила куферите, но наместо куфери, во креветот се наошало полу распаднато тело на жена.
Кловн.
Една дадилка во САД, откако ги легнала децата во кревет, решила да гледа малку телевизија додека не се вратат родителите на децата. Но во дневата соба приметила кукла клован која и била морбидна, бидејќи се чувствувала како да ја набљудува. Таа се јавила на таткото на децата за да го праша дали може да гледа телевизија во нивната спална соба бидејќи се исплашила од куклата кловн. Но таткото во истиот момент кренал паника, наредувајќи и на дадилката веднаш да ја напушти куќата заедно со децата. Девојката прашала зошто, а човекот и одговорил бидејќи тие немаат кукла клован а децата веќе му кажале неколку пати дека ја виделе куклата, но тој мислел дека тоа е дел од нивната имагинација. Но веќе било касно за бегање… На крај се испоставило дека тоа не била кукла туку пореметен човек со џуџест раст кој пред неколку недели избегал од болница и се криел во нивната куќа.
Бел глушец.
Девојка од САД отишла на матурска екскурзија во Шпанија. Таму, како и сите други млади деца пиела алкохол, па решила да ја помине ноќта со едно момче кое и се додворувало вечерта. Утредента, таа малку се успала, и кога станала видела дека авионот и тргнува за 2 часа. Во целото брзање, момчето и подарило мала кутија, велејќи и дека тоа е поклон за нео од него бидејќи минатата ноќ многу му значела и ја замолил да ја отвори кутијата кога ќе биде во авион. Таа ја ставила кутијата во џеп и навистина заборавила да ја отвори се додека не и засметала додека била во авионот. Ја отворила кутијата, а внатре нашла мртво бело глувче и лист хартија на кое пишувало: “Добредојде во клубот СИДА.”
Поврзани статии:
Хорор филмовите топат калории
5-те најголеми мани на хороскопските знаци
10 интересни факти кои сигурно не ги знаете
Пронајдете не на следниве мрежи: