петок, 13 ноември 2026
Најново

Смрттна казна за двајца Бугари во Малезија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бугарските државјани Георги Бакалов и Иван Киров од Нова Загора се осудени на смртна казна во Малезија, откако во мај минатата година беа уапсени со шест килограми амфетамини.

Ослободен е третоосомничениот, исто така бугарски државјанин, поради недостаток на докази.
Адвокатите на осудените Бакалов и Киров најавија жалба за пресудата пред Апелациониот суд во градот Џохор Бару.
Според малезиските закони, за трговија со дрога се одредува смртна казна. Блиски на осудените тврдат дека двете момчиња мислеле дека пренесуваат вијагра, а не амфетамини во вредност од 500.000 долари.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со реакција за случајот се огласи и Министерството за надворешни работи во Софија.
„Бугарија, како и останатите земји од Европската Унија, е против смртната казна како мерка“, велат од бугарското МНР.

Властите ќе побараат Европската служба за надворешни работи, која има преставништво во Куала Лумпур, да се вклучи во случајот.

Макфакс

Поврзани вести