Македонскиот фудбалски интернационалец, младиот Стефан Ашковски даде гол за тимот на Партизан на натпреварот со Борац Чачак во рамките на Купот на Србија, Партизан загуби на домашен терен со резултат 1-2.
Нашиот интернационалец стрелаше во 31-вата минута при соло-продор, влезе во казнениот простор од левата страна и со убав удар го погоди спротивниот дел од аголот на голот и стрелаше за својот тим.
21-годишниот Стефан Ашковски минатата сезона ги бранеше боите на Телеоптик, сезонава е во тимот на Партизан каде не добива многу шанса за настап, овој пат доби во купот на Србија, и ја искористи на најдобар можен начин, со погодок.
Пронајдете не на следниве мрежи: