Словачка ги национализира приватните здравствени осигурители

Словачка се враќа на еден, државен систем на здравствено осигурување и ќе ги национализира двата приватни осигуритела и тоа против нивна волја ако биде потребно, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

Владата на левиот центар планира да ја промени одлуката за отварањето на здравствено осигурување за приватните осигурители, која беше донесена кога Словачка стана независна во 1993 година.
„Владата на која сум на чело ја отфрла идејата за приватни здравствени осигурители кои заработуваат од земање на државни пари и тогаш ги користат профитите за реализација на своите идеи за луксузниот стил на живот“, рече Фицо на прес конференција, додавајќи дека новообединетиот систем на осигурување ќе биде воведен до 2014 година.
„Сметаме дека ќе биде поефикасно „да се има еден здравствен осигурител) бидејќи парите нема да одат во приватните благајни на сопствениците на приватните осигурителни куќи“, истакна Фицо.

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: