Брус Вилис повторно е во култната улога на Џон Меклејн како полицаец и национален херој. Меклејн овој пат патува во Русија за да му помогне на својот син за кого единствено знае дека е во неволја. А во Русија ситуацијата не е воопшто сјајна, таму се владеат опасни терористи, а Џон не смее да западне во никакви проблеми.
Улогата на синот на Џон Меклејн ја толкува австралијанскиот актер Џон Куртни, кој досегашното искуство во актерските води го стекна преку тв серијата 'Спартак'.
Режисер на филмот е ирскиот режисер Џон Мур кој има долгогодишно искуство со студиото '20th Century Fox'. Џон Мур е познат режисер кој стои зад филмовите 'Behind the anemies gate', 'Max Payne' и слично.
Акциониот филм 'It`s a good day to die hard' ќе се најде во кината во почетокот на 2013 година.
Прочитајте ги и следниве статии:
Tом Круз наскоро во 'Невозможна мисија 5'
Al Pacino снима филм за John Lennon
Џорџ Клуни ја собра холивудската елита за својот најнов филм
Пронајдете не на следниве мрежи: