Чудата сепак се случуваат

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Малиот Јаго, сеуште не може да зборува ниту да оди, но тој е вистинско чудо за неговите родители бидејќи успеа да се избори за живот. Ниту болничарите не успеаа да го оживеат, но неговото срце сепак почнало да чука.

 

Малиот Јаго кој има 2 години, имаше претрпени тешки мозочни оштетувања. Имено детенцето доживеало несреќа така што и одлутало на дадилката од вид и паднало во езерцето кое се наоѓало позади нивната куќа. Родителите панично се обидувале да го оживеат, но без успех. Итната медицинска помош пристигнала брзо, и таа пробувала да го оживее малиот Јаго но тој не се враќал во живот. После 65 минути во болницата, детенцето самото се разбудило. 

 

Срцето престанало да му чука уште еднаш, но болничарите успеале да го вратат во живот. Префрлено било на интензивна нега. Лекарите му давале само 1% можност дека ќе преживее. Сепак после неколку дена почнало самото да диши, иако постоела можност да не ја преживее ниту првата ноќ.

 

Малиот Јаго секој ден е се подобар. Самостојно диши и ја крева главата. Секојдневно добива психотерапија, говорни вежби и е на додатни терапии. Но трошоците се огромни. Еден ден терапија за Јаго чини околу 5000 фунти. Неговите родители изнајмиле неколку експерти, отворија фондација за своето дете за донации, и до сега имаат собрано околу 30 000 фунти. 

 

Неговите родители велат дека подршка добиле од многу луѓе кои не ги ни познаваат, ниту ги виделе. Прекрасно е да се знае дека сеуште постојат луѓе кои се подготвени да помогнат за се.

 

Погледнете ги и следниве статии:

61 годишна жена роди близнаци

 

 

 

 

Пронајден е најсреќниот човек на светот

 

 

 

 

Најчудните места за венчавки

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: