Факти за цигарите: Што е лошо, а што е добро

 
 
 
Начинот на кој светот гледа на цигарите драматично е променет во споредба со блиското минато. Оваа навика некогаш се сметаше за секси, привлечна, дури и добра за здравјето. Беше промовирана од спортисти, рекламирана на сите телевизии. Тешко беше да се види филм каде ѕвездите не држеа цигари во рака. Денес, пушењето се смета за лоша навика, која создава зависност и може да го убие пушачот, како и останатите околу него. Цигарите повеќе не се рекламираат, а веќе нема и јавни објекти каде смее да се пуши.
 
Еве неколку интересни факти за цигарите.
 
Цигарите се најпродаваниот предмет на планетава. Годишно во светот се продаваат околу  1 трилион цигари од една на друга земја. На глобално ниво, индустријата со цигари вреди повеќе од 400 милијарди долари, оваа индустрија е меѓу најголемите во светот.
 
Неколку големи брендови за цигари го зголемуваат нивото на никотин во своите производи. Имено, според истражувања направени на универзитетот Harvardи Massachusetts Health Department, меѓу 1997 и 2005 година количеството на никотин во цигарите Camelсе зголемило за дури 11 проценти.
 

 
 
 
Постојат 4 американски брендови на цигари кои сочинуваат околу 70% од светското производство на цигари. Тоа се Marlboro, Kool, Camel и Kent.
 
Цигарите содржат арсеник, формалдехид, хидроген-цијанид, јаглероден моноксид, амонијак и 43 познати карциногени.
Сегашните “Cork”филтри се измислени во 1925 година од Унгарецот Boris Aivaz, кој го патентирал овој свој изум.
 
Во повеќето светски земји, денес минималната возраст за купување на цигари е 18 години, покачена за 2 години од 16, додека во Јапонија не е дозволена продажба на цигари на лица под 20 години.
 
Забрани за пушење во затворен простор и во јавност се актуелни низ целиот свет. Како резултат на ова, многу пабови, кафулиња и ресторани забележале значителен пад во својата работа.
 
САД е единствениот голем пазар на цигари во светот каде бројот на жените-пушачи (22%) се доближува до бројот на мажите-пушачи (35%). Во Европа, оваа разлика е поголема (26% од жените пушат, наспроти 46% од мажите), додека во Африка статистиката вели дека 29% од мажите пушат, наспроти 4% од жените.
Никотинот доаѓа до мозокот околу 10 секунди откако ќе го вдишите чадот. Никотинот се шири насекаде низ човековото тело, вклучувајќи го и мајчиното млеко.
 
Секоја цигара содржи околу 20% шеќер. Многу дијабетичари не се свесни за овој шеќер кој го внесуваат.
 
Имуниот систем на просечен пушач е под поголем напор отколку оној на непушач. Како резултат на тоа, крвта на пушачот содржи помалку антиоксиданси, но можеби имуниот систем на пушачот побрзо би реагирал на напад благодарение на “будноста”во справување со состојките од цигарите.
 
Пушачите често пушат цигари после секој оброк за “полесно да ја дигестираат храната”. Ова навистина успева затоа што телото става приоритет на заштита на крвните клетки и чистењето на токсините од мозокот.
 
Ментол-цигарите создаваат проблеми кај потенцијата на мажите бидејќи ја намалуваат циркулацијата на крвта.
 
Според Светската Здравствена Организација, околу 25% од цигарите кои се продаваат ширум светот се криумчарени.
 
Пушачите велат дека цигарите им делуваат добро во смисла на тоа дека се смирени, релаксирани, потешко губат концентрација и сл. Всушност, цигарите имаат различен ефект од еден до друг пушач, и тоа зависно од очекувањата на пушачот. Ова ги претвора цигарите во еден од најраспространетите placebo методи.
Пушачите ги користат овие ефекти како оправдување да продолжат да пушат и покрај тоа што им се познати лошите ефекти.
 
Прочитајте ги и следниве статии:
Почнува лов на 'пиратеријата'
 
 
 
 
Најстрашните урбани легенди
 
 
 
 
Запознајте го човекот-волк

 

Пронајдете не на следниве мрежи: