Сите жени ценат добар сексуален партнер, но се случува понекогаш сексот да биде на многу ниско ниво. Мажите може да приредат лоша атмосфера во креветот со правење на некои од овие работи:
Дали беше добро?
Ова прашање ја крева костата на секоја жена! Ретко која ќе одговори дека навистина било лошо. Верувајте дека ако било навистина добро, ќе препознатете од нејзиното лице и енергија.
“Упс” откако ќе пукне кондомот.
Ова не е мала работа, и откако ќе се случи настапува стрес, а не време за шеги.
Пробува анален секс.
Тоа е место за излез а не за влез. Освен ако партнерката не ви даде јасно на дознаење дека е расположена за анален секс, немате што да барате во тој дел од нејзиното тело!
Пози од порно филмовите.
Вашата партнерка не е Џена Џејмсон, ниту пак сака да биде. Нејзините нозе не одат позади нејзината глава и не се сите жени подеднакво флексибилни. Постојат добри пози кои не се од порно филмовите.
Претерано користење на јазик.
На секоја жена не и е пријатно кога нејзиниот партнер го употребува јазикот насекаде по нејзиното тело. Не правете да се чувствува како сладолед!
Гледање телевизија.
Знаеме дека мажите тешко можат да замислат вакво нешто на оваа листа, но ова тотално ја убива желбата кај жените! Сексот не треба да биде досаден, па вие да гледате телевизија…
Испуштање “ветер”.
Знаеме дека може да му се случи на секого, но еднаш. Не го правете ова во кревет, навистина не е секси!!