Веројатно повеќето од вас би се согласиле со нас ако кажеме дека пивото е еден од најдобрите изуми на сите времиња.Пивото е и еден од најстарите пијалоци кои ги користиме до ден денес, со оглед на тоа што се верува дека потекнува уште од Месопотамија (2050 година п.н.е.).
Пивото било тоа што ги одржувало селаните во живот кога водата не била доволно чиста за безбедно да се пие. Создавањето на пивото е истовремено комплицирана и едноставна постапка на комбинирање на четирите основни состојки – вода, жито, јачмен и хмељ.
Со различни стилови и техники на правење, пивото добива посебен карактер во секоја држава во која се произведува, но тоа не значи дека не можеме да направиме еден мал натпревар на културите врежани во една кригла. Десетте најдобри нации кои создаваат пиво ќе ви ги претставиме низ 3 критериуми: квантитативно производство, историско значење и значење во промовирање на пивото како пијалок низ целиот свет.
Доволно историја, еве ги десетте најзначајни светски држави кога станува збор за пивото.
Бр. 10. – Шкотска има историја со пивото која датира до времето на Келтските племиња, пред околу 5000 години. Иако ниедна од познатите пиварници во светот во моментов не е вдомена во Шкотска, тоа не значи дека Шкотска нема свои првокласни пиварници. Одлично пиво се прави во Arran, McEwan’sи Belhaven.
Бр.9. – Јапонија е релативно нова земја во светот на производство на пиво. Пивото во Јапонија стигнало преку холанѓаните, но Јапонците сериозно се потрудиле и интензивно забрзуваат во нивното влијание во светот на овој пијалок. Во оваа држава веќе има шест првокласни пиварници кои создаваат уникатно јапонско пиво. Меѓу најпознатите се Asahiи Sapporo.
Бр.8. – Кога Британците се населиле во Австралија, имале сериозни проблеми да одржат оптимална температура за да успеат да направат добро пиво. Поради таквите услови, традиционалните австралиски пива денес скоро и да не се произведуваат. Главна причина за ова е доаѓањето на браќата Fosterво Австралија од New Yorkво 1887 година, кога тие го поставиле новиот стандард за пиво во Австралија.
Бр.7. – Пивото кое се произведува во Ирска има навистина импресивна историја, но најголемиот херој на пивото во Ирска е Arthur Guinnessкој ја отворил својата пиварница во 1756. На почетокот на 20тиот век Guinnessбила убедливо најдобрата пиварница во светот. Иако веќе не е број 1, Guinness и понатаму е изборот на милиони љубители на пиво во светот.
Бр.6. – Мексико има богата традиција на произведување пиво. Иако слични пијалоци се правеле и од староседелците на овие територии, современото производство започнало во 19тиот век, кога германски имигранти започнале на големо да се населуваат во Мексико. Германското влијание денес е очигледно во 2 пиварници – Negra Modelo и Dos Equis Ambar. Мексиканското пиво денес се извезува низ целиот свет, особено во САД каде еден од најпопуларните брендови е пивото Corona, кое и нам ни е добро познато.
Бр.5. – Канада е земја која има дадено свои силни амбасадори низ светот кога станува збор за пиво. Phillips пиварницата создава фантастични вкусови кои го вртат светскиот фокус кон Канада. Можеби наскоро сите најпрво ке гледаат во Канада кога ќе станува збор за пиво.
Бр.4. – Пивото сочинува околу 85% од вкупното количество на алкохолни пијалоци што се конзумираат во САД. Франција можеби има вино, но Американците отсекогаш можеле да се пофалат со своето пиво. Има околу 1.400 пиварници, кои варираат од најголеми компании како Budweiserи Coorsдо мали паб-пиварници кои своето производство го сместуваат во неколку пластични кофи. Секое пиво во САД има специфичен вкус условен од регионот од кој тоа потекнува.
Бр.3. – Белгија можеби има најмногу асови во ракавот кога станува збор за производство на пиво, во смисла на разновидноста на пива кои таму можат да се пробаат. Stella Artoisе меѓу најпродаваните пива во САД, во Белгија, а и воопшто во Европа. Белгија веќе има свои мега-компании меѓу пиварниците. Како најдобар пример за тоа е Inbev.
Бр.2. – Германија е синоним за пиво. Oktoberfest во САД не се смета за којзнае каков фестивал, но во Германија тоа е вистински празник за пивото. Пивото ја добива својата популарност во Германија уште во средниот век. Денес Германија има околу 1.300 пиварници, што ја става на второ место зад САД, но кога ќе се земе предвид разликата во територија, тоа е навистина импресивно.
Бр.1. – Секој список од оваа конкуренција кој би ја изоставил Англија би бил без никаков кредибилитет. Секоја нација во светов која произведува пиво индиректно или директно и го должи тоа на Англија. Англија го има претставено производството на пиво подобро од било која друга држава во светот. Во времето кога Англија била голема колонијалистичка сила, пиво се служело на бродовите за морнарите да ја згаснат својата жед.
Се разбира, ова се најголемите индустрии во светот, но не можеме да кажеме дека и помалите држави не се вредни да се споменат во оваа област. Од овој список е изоставена Холандија, која исто така има вистинско богатство во Heineken, Amstel итн.
Доказ дека и малите држави научиле нешто во производството на пиво е и нашето Скопско. Храбри сме да го мериме вкусот на нашето најпознато пиво со било кој светски бренд.
Погледнете ги и следниве статии:
Кои се најголемите нарко-босови на сите времиња?
Најјакото пиво на светот
Пиво од тестиси на бик!
Пронајдете не на следниве мрежи: