Им давале кокаин наместо колачи на деца за Ноќ на вештерките

Loading...

Децата кои во средата навечер ја празнуваа Ноќта на вештерките во местото Ројтон во северна Англија, како традиционални подароци годинава добиле многу повеќе од вообичаено, имено наместо традиционалните подароци колачи – добиле кокаин, соопшти британската полиција.

За поседување дрога обвинет е и приведен 23-годишни, откако родителите на децата од Ројтон кој традиционално за Ноќта на вештерките ги посетуваат соседите во нивните вреќички кои обично се полнат со колачи, пронашле кокаин.
Вреќичките со кокаин веднаш се однесени во локалната полиција во гратчето во близина на Манчестер. „Во нив имаше бел прашок, а по анализата полицијата потврди дека станува збор за кокаин“, соопшти полицијата од Рајтон.
Полициската началничка во Манчестер, Кетрин Ханкинсон изјави дека родителите и полицијата брзо реагирале и дека станува збор за изолиран случај.
Во Ноќта на вештерките (Halloween) децата маскирани во самовили, принцези, вештерки, гусари, супермени или кралеви тропаат на вратите во соседството со „заканата „колачи или магија“ (trick-or-treat), па од домаќините традиционално добиваат колачи.
За инцидентот со кокаинот во Ројтон, обвинет 23-годишниот е Доналд Јуниор Грин за поседување дрога од врвна класа.

За истиот инцидент уапсена била и 21-годишна девојка, но подоцна била ослободена од обвинението.

макфакс
 

Погледнете ги следниве статии

Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста

Трагедија во Италија: Деца украле автомобил, паднале во море и се удавиле

Кинез со секира уби три деца

loading...
Loading...