Братот на популарните сестри Кардашијан нa својот Твитер ги објави фотографиите на кои е снимен со албанската пејачка од Косово, Рита Ора.
Веќе со месеци се шират гласини дека Роб Кардашијан (25) и Рита Ора (22) се забавуваат, а тие двајца изјавуваа дека се само добри пријатели. Но, со објавувањето на фотографиите, Роб само потврди дека меѓу него и „младата нова надеж“ има повеќе од пријателство, а под една од фотографиите, напиша: „Ми недостасува мојата Рита!“
По ова парот веќе не се крие, а се забележани заедно и на незјината американска турнеја. Роб се наоѓал во публиката и уживал во нејзиниот настап, а на Твитер подоцна ставил нова фотографија на Рита и се пошегувал: „Оваа луда кучка тукушто ми го украде автомобилот“.
И додека Роб го следи примерот на неговите популарни сестри и на цел глас се фали со својата нова врска, убавата Рита ниту негира, ниту потврдува дека е во врска со него.
Погледнете ги и следниве статии:
Sofía Vergara: Ми се допаѓа кога луѓето помислуваат дека сум му сестра на мојот син
Анџелина Џоли со своите деца ужива во Франција!
Хју Џекмен каков што не сте го виделе!
Пронајдете не на следниве мрежи: