Најстариот град во Европа е откриен во Бугарија

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Овој четврток бугарските археолози соопштија дека во Источна Бугарија е откриен најстариот град во Европа.

 

Професорот Васил Николов од националниот институт за археологија откри дека камените блокови кои неговиот тим ги откопа во близина на градот Провадија датираат помеѓу 4700 и 4200 години пред Христа, што е дури и 2000 години пред грчката цивилизација. 

 

Ѕидовите се високи околу 3 метри, а дебели 2 метри, и се смета дека е најстарата градба во Европа. 

 

Тоа е населба во која имало околу 350 жители и претставувало центар за производство на сол, а би можело да биде објаснување за пронаоѓањето на големи количини на злато во близина на Провадија пред 40 години.

 

Ископувањето на локацијата започна во 2005 година, а на неа се пронајдени и двокатници и други археолошки пронајдоци. Пронајдените работи наведуваат на заклучоци дека се работело за богата населба кои се занимавале со производство на сол.

 

Се претпоставува дека наредното лето кога ќе продолжат ископувањата, ќе има нови пронајдоци.

 

Прочитајте ги и следниве статии:

10 интересни факти кои сигурно не ги знаете

 

 

 

 

 

На 24 години доби 8,53 милиони долари на покер

 

 

 

 

 

Факти за цигарите: Што е лошо, а што е добро

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: