Ослободен грчкиот новинар кој го објави „списокот на Лагард“

Грчкиот новинар Костас Ваксеванис, кој  беше обвинет за повреда на приватноста бидејќи во своето списание Hot Doc објави имиња на повеќе од две илјади Грци кои наводно имаат сметки во швајцарски банки, кои се сомничат од јавноста дека затајувале данок, е ослободен од обвиненијата.

Судењето кое започна многу брзо, заврши со ослободителна пресуда.
„Судот пресуди дека сте невин“мy рече во четвртокот судијата Малија Волика.

Апсењето на новинарот во саботата и експресниот почеток на судењето во четвртокот предизвика загриженост кај меѓународната јавност, но и незадоволство кај Грците лути поради привилегиите коишто ги ужива елитата, наведува Reuters.
Ваксеванис во својата одбрана ги обвини политичарите дека ја сокриваат вистината и дека ја штитат недопирливата богата елита. Тој рече дека судењето е политички мотивирано.
Грците, чии имиња весникот на Ваксеванис ги објави во сабота се осомничени дека користеле банкарски сметки во швајцарскиот огранок на банката HSBC, каде депонирале средства од вкупно 1,5 до две милијарди евра со цел да затајат данок, додека грчката влада е обвинета дека не спровела адекватна истрага за тоа, пренесуваат агенциите.
Четириесет ишесtгодишниот Ваксеванис најпознат меѓу малубројните истражувачки новинари во Грција, беше обвинет за кршење на законот за приватност поради тоа што објавил чувствителни лични податоци, иако ги открил само имињата на 2.059 Грци, но не износот кој е депониран на нивните сметки.
Овој искусен телевизиски новинар, кој е уредник на списанието Hot Doc, упорно тврдеше дека само ја работел својата работа, додека министрите кои се одговорни за составување на листата на осомничени за можно затајување на данокот ништо не направиле две години.
Одбраната на Ваксеванис наведе дека обвинителството го обвинило, иако никој меѓу луѓето чии имиња се објавени на листата не поднел тужба против него за повреда на приватноста, што е редок случај во Грција.
Листата која е објавена првично „протече“ во јавноста благодарение на еден службеник во банката HSBC, а во 2010 година тогашната француска министерка за финансии Кристин Лагард ја проследила таа листа до грчките власти.
Податоците на таа листа, кои грчките власти ги сметале за украдени и неупотребливи против потенцијалните затајувачи на данок, се предмет на жолчна расправа, па владата се соочува со повици да ги употреби и да се пресмета со затајувањето на данок, во моментот кога Грција е во должничка криза.

Макфакс

Прочитајте ги следниве статии

Гари Каспаров ослободен од обвиненијата

Албанското знаме завртено наопаку на прес конференција во Атина

Убиство во суд во Атина

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: