Прислушувани српскиот претседател Николиќ и вицепремиер Вучиќ

Српското државно обвинителство покрена истрага поради прислушувањето на претседателот Томислав Николиќ и првиот вицепремиер Александар Вучиќ, откако е откриено дека во управата на криминалистичката полиција е наредено прислушување на нивните телефони, пишуваат белградските медиуми.

Безбедносно-информативната агенција (БИА) го известила првиот потпретседател на Српската влада и министер за одбрана Александар Вучиќ дека „пред три дена дел од министерството за внатрешни работи издало налог да биде прислушуван неговиот телефон“, а дека на претседателот на државата Томислав Николиќ „телефонот се прислушува веќе подолго време“, пренесе Радио-телевизија Србија (РТС).
Белградскиот дневен весник Блиц тврди дека „Управата на криминалистичката полиција (УКП) пред три дена наредила прислушување на телефонот на вицепремиерот Вучиќ, како и дека „поради овој незапаметениот инцидент се закануваат апсења на највисоките функционери на српската полиција“.
Блиц натаму пишува дека министерот за внатрешни работи и воедно премиер на Србија, Ивица Дачиќ и директорот на српската полиција Милорад Вељовиќ не знаеле за овие наредби, нагласувајќи уште еднаш дека станува збор за скандал во тамошната полиција без преседан.
Како што тврди весникот повикувајќи се на своите извори, аферата била откриена во средата, кога документ со потпис на началникот на УКП, Родољуб Миловиќ, со кој се наредувало земање на листингот на телефонот на Вучиќ, на засега мистериозен начин дошол во рацете на вицепремиерот.
„Оригиналниот документ за наредбата за прислушување на телефонот на Вучиќ директно е изваден од предметот и предаден на Вучиќ“, пишува Блиц, напомнувајќи дека тој е прв човек во Бирото за координација на безбедносните служби на Србија, а воедно е и влади координатор за борбата против корупцијата.
И претседателот и вицепремиерот на Србија, во два дена им се пожалија на медиумите дека се прислушувани, Николиќ тоа го најави пред две вечери во емисијата „Сведок“ на РТС, а Вучиќ во петочното издание на дневниот весник Вечерњи новости, тврдејќи дека живото на неговото семејство е „претворен во пекол“.
„Ние упаднавме во змиско гнездо, меѓу луѓе коишто ги користат високите функции во многу служби за да господарат со животите, меѓу луѓе кој се дрзнаа да ме прислушуваат во прв ред мене, па потоа и Александар Вучиќ. Тоа мора да биде истражено до крај“. Така во Србија не може да се живее“, рече претседателот Николиќ во својот телевизиски настап.
Вучиќ, пак, изминатите денови директно го обвини сопственикот на „Делта холдинг“ и еден од најбогатите и најмоќни луѓе во Србија, Мирослав Мишковиќ дека „има многу лошо мислење“ за борбата против корупцијата во којашто се впуштил Вучиќ. Ѕој, исто така, тврди дека Мишковиќ „е силно ангажиран на тоа да склучи сојузи со сите на српската политичка сцена, на медиумската на и стопанската сцена“ кој можат лично да му наштетат на Вучиќ и на Српската напредна партија.
Вицепремиерот Вучиќ слична изјава повторува и за Вечерње новости од петокот, велејќи дека него и претседателот на државата Тома Николиќ ги „прислушува група во Министерството за внатрешни работи“.
„Одредени тајкуни и криминалци сакаат да ја урнат оваа влада. Меѓутоа, нема да им дозволиме да управуваат со земјата и да носат политички и економски одлуки. Тој филм повеќе нема да се гледа. Државата мора да победи“, изјави Вучиќ за белградскиот дневен весник.
Според сознанијата на Блиц, пак, веднаш штом го добил весникот од кој се гледа дека станува збор за прислушување на неговиот телефон, „Вучиќ веднаш на нозе буквално го дигнал целиот врв на полицијата, барајќи да се испита кој се осмелил да направи толку голема злоупотреба“.
Весникот натаму пишува дека е утврдено оти наредбата е издадена од УКП, инаку една од најважните управи во српското министерство за внатрешни работи, поради што сега на функционерите на УКП „им се закануваат апсења поради незаконско прислушување“.
Повикувајќи се на сопствени извори, РТС наведува дека налогот за прислушувањето на телефонот на Александар Вучиќ е издаден „по барање на интересни групации“, со помош на некој од „врвот на полицијата“.

Во информацијата се додава дека е засилено обезбедувањето на Вучиќ, а државното обвинителство отворило истрага.
И белградскиот дневен весник Политика во петокот посветува напис на скандалот во кој се наведува дека обемот на нелегалното прислушување во Србија несакајќи го открил Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), истражувајќи ја состојбата на радарскот систем за одбрана од град.

„На 16 контролирани објекти откриени се 430 антенски и други комуникациски уреди на непознати сопственици и со нејасно потекло“, пишува весникот.
Началникот на Управата за управување со опасности при Секторот за вонредни ситуација на Србија, Бранко Јовановиќ, кој директно е задолжен за 13-те радарски центри преземени од РХЗМ, за Политика изјави дека не знае ништо за контроверзните антени и комуникациската опрема, како и дека него никој не го известил „дека постојат илегално поставени антени или комуникациска опрема, ниту такво нешто е евидентирано во документите“.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Грција повторно лута, овој пат на Николиќ по изјавите за Македонија

Николиќ не сака „територијален интегритет на Косово“ во документите на ЕУ

Николиќ тврди дека Србија и подготвено решение за Косово

Пронајдете не на следниве мрежи: