Од центар за притвор во еквадорскиот главен град Кито избегаа 55 затвореници, по што 20 од нив набрзо по бегството повторно се приведени, соопшти синоќа министерот за внатрешни работи на Еквадор, Хозе Серано.
На прес-конференција во Кито Серано изјави дека е можно на затворениците при бегството да им помогнале и дел од надзорниците. По бегството директорот на центарот и висок службеник на администрацијата под итно се разрешени од должност.
Центарот за притвор на еден од главните затвори во Кито има капацитет од 300 места, но во него се сместено 1.500 лица. Од вкупно 24 надзорници во дневната смена, на работа се јавиле само 15. – Останатите девет се предмет на истрага, рече Серано.
Според него, цел на масовното бегство била да се предизвика бунт и хаос, за да се олесни бегството на многу опасни затвореници од блиските затвори.
Еквадор, држава со 15 милиони жители, има над 18.000 затвореници. Една четвртина од затворениците се осудени за поседување или употреба на наркотици, соопшти во септември еквадорскиот претседател Рафаел Кореа.На прес-конференција во Кито Серано изјави дека е можно на затворениците при бегството да им помогнале и дел од надзорниците. По бегството директор