Кои се најпознатите крадци низ историјата

 

 

 

 

 

 

Постојат бројни познати крадци низ историјата, а тие им ја должат својата слава на имагинацијата на луѓето што практично ги трансформирале во легенди, најчесто по нивната смрт.Ретки се тие кои биле на толку добар глас меѓу народот, а навистина биле толку важни и успешни во својата работа. Всушност, некои не се ни вистинити!

 

Еве список од неколкуте најпознати крадци во историјата.

 

Дисмас и Гестас

Се кладиме дека не знаете кои се овие двајца. Сепак, тие се двајца од најпознатите крадци во светот. Тоа се двајцата луѓе што биле распнати покрај Исус, едниот на неговата лева страна, а другиот на десната. Дисмас побарал да му се прости и истото го добил, додека легендата за другиот е дека одбил да го прифати Исус, и поради тоа горел во пеколот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прометеј

Според митологијата, Титанот Прометеј го украл огнот од боговите и го донел на луѓето на Земјата, за што ние би требало да му бидеме благодарни секој ден. За ова “злодело”добил строга казна, бил осуден од Зевс да биде вечно врзан на огромна карпа, додека секој ден орлите му ги јаделе црните дробови, а тие повторно му се враќале.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Robin Hood

Ова е еден од најпознатите крадци во светот, ако не и најпознат. Приказната за Robin Hoodе дел од англискиот фолклор, и за жал неговото постоење не било никогаш докажано, така што по се изгледа овој херој е само плод на фантазијата на обичниот народ. Приказната потекнува од 13тиот век.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Blackbeard

Еве крадец кој е исто толку познат како Robin Hood, но навистина постоел. Ова е Edward Teach(во малку импровизирана верзија). Живеел како одметник и загинал во битка против војници на гувернерот од Вирџинија кои биле пратени да го убијат. На Blackbeard, кој прекарот го добил по својата црна, густа брада, еднаш му биле простени сите злодела, но набрзо се вратил на морето и продолжил да го прави она што најдобро знаел – да ограбува.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Bonnie (1910-1934) и Clyde (1909-1934)

За оваа двојка е познато дека извршувале грабежи на банки, убиства и други разни криминални дела во текот на нивните кратки кариери. Тие биле познати во животот, а станале легенди по нивната смрт, не само поради криминалот, туку и поради љубовта која ја имале еден за друг.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

“Babyface” Nelson(1908-1934)

Овој човек не чекал да порасне за да почне да краде коли. Babyface Nelsonе познат уште од својата 14-годишна возраст, кога сите го сметале за експерт на тоа поле. Неговиот прекар произлегол од неговата младоликост и нискиот раст. Тој е познат како американскиот граѓанин кој убил најмногу FBI агенти. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги и следниве статии:

Најдобрите земји за пиво во светот

 

 

 

 

Најскапите вина во светот

 

 

 

 

Хотели на иднината-во вселената

 

Пронајдете не на следниве мрежи: