Познатата хрватска водителка, Николина Пишек, во интевју за хрватско Studio, зборуваше за своите планови за во иднина. Таа е моментално актуелна поради својата нова врска со Видое Ристовиќ.
На прашањата за брак таа даде прилично опширен одговор. Николина смета дека бракот е света заедница во која не треба да се стапува поради погрешни причини. Таа изјави дека многу луѓе влегуваат во брак, бидејќи сметаат дека им е време да се “смират” или дека така наложува општеството или семејството. Но при влегувањето во брак неподготвен, тие луѓе се доведуваат до ситуација во која не можат да се носат со обврските што ги донесува оваа институција, смета водителката.
“Единствено нешто што ме мотивира да влезам во брак не се парите, не е за да бидат моите родители среќни, не е поради големата забава на која ќе ги запознаам роднините што не сум ги знаела или за да може мајка ми да каже дека конечно ме омажила, туку би стапила во брак единствено ако чувствувам дека тој потег би ме направил мене уште посреќна.”
Таа кажа и дека не сака состаноци на слепо, бидејќи прво гледа дали физички си одговара со партнерот, а потоа на ред би дошло се останато.
“Сакам прво да го видам она што го купувам, а потоа ќе го запознавам” – на шеговит начин заклучи Пишек.
Поврзани статии:
Ексклузивно: Сликите на Николина Пишек за Максим
Николина Пишек блесна!
Николина Пишек со нов дечко!
Пронајдете не на следниве мрежи: