Гвинет Палтроу: Дедо ми ми кажа дека градите ми се како јајца на око

Прекрасната актерка, 40 годишната Гвинет Палтроу, доби Oскар за најдобра женска улога уште во 1998 година, за филмот Вљубениот Шекспир. Филмот доби Oскар и за најдобар филм и уште 6 други.

 

Приказната е фиктивна, но некои од улогите се базирани на вистински историски личности. Филмот ја опишува љубовната афера на Шекспир во времето кога ја пишувал легендарната Ромео и Јулија. Оние кои го погледнале филмот, сигурно ја љубовната сцена помеѓу Гвинет Палтроу и Џозеф Фајнс. За потребите на оваа сцена, актерката требаше да биде гола.

 

Гвинет конечно проговоре за нејзината голотија во филмот и за тоа како семејството го прифатило тоа. Таа им раскажа на новинарите како по завршувањето на снимањето на филмот, се плашела за тоа како нејзиното семејство ќе реагира на голата сцена. Таа се плашела од коментарот што ќе го добие од својот дедо, бидејќи како што самата вели, тој е прилично конзервативен.

 

Затоа, пред да влезат во кино салата, на премиерата на филмот, Гвинет се обидела да му објасни на својот дедо дека има некои сцени кои се помалку непристојни, но дека морала да ги сними бидејќи филмот бил многу важен.

 

Актерката се изненадила од мислењето на својот дедо по завршувањето на проекцијата. Тој и пришол и едноставно одговорил: “Немој да се грижиш, твоите гради изгледаа како две јајца на око во тавче!”

 

Поврзани статии:

Гвинет Палтроу блесна во црн тесен фустан

Гвинет Палтроу и Камерон Дијаз во поинакво издание

Гвинет Палтроу најдобро облечена жена за 2012 според “People”

 

Пронајдете не на следниве мрежи: