Сексуални фантазии за познати личности

Заљубеноста во некоја ѕвезда најчесто е феномен резервиран за тинејџерите, но тоа не значи дека возрасните се имуни на него.

 

Па така многу мажи и жени се уште се залудени по познатите личности што понекогаш мислат и дека се вљубени во нив.Сепак, сето тоа и не е така страшно, барем според Andrew G. Marshall автор на книгата „I Love You But I’m Not In Love With You“. 

“Сите фантазираат освен мал процент од луѓето кои немаат никаква фантазија за позната личност. Четвртина од населението признава дека е заљубено во некоја позната ѕвезда. Далеку од тоа дека тоа е нешто што треба да се скрие, тоа што ќе зборувате за своите фантазии може да го зачини вашиот сексуален живот кој западнал во рутина” – вели Маршал.

Сепак, тој наспоменува дека има огромна разлика помеѓу мечтаењето да бидете со некоја недостижна филмска ѕвезда и сонувањето за личност која ја гледате секојдневно и е дел од кругот на луѓе кои ги среќавате.

 

Замислете го лицето на вашиот партнер или партнерка ако дознаат дека фантазирате за згодниот колега или колешка. Сигурно нема да бидат ни малку воодушевени. Од друга страна фантазирањето за еден Џорџ Клуни, Бред Пит или Меган Фокс е сосема безопасно бидејќи во животот нема да имате шанса за флерт со нив.

 

Поврзани статии:

Зошто жените сакаат постари мажи?

Како да препознаете лажен оргазам?

Кои пијалоци делуваат како афродизијак

 

Пронајдете не на следниве мрежи: