Кога станува збор за алкохолни пијалоци секој хороскопски знак си има свои вкусови.
Побарајте си го својот знак и видете какви видови на коктели би сакале, дури можете да си направите една журка со коктели за хороскопските знаци на вашите пријатели.
Овен
Овните сакаат да пијат алкохол како во шатови, ако е тренди тие би биле првите што би го пробале тоа. Сакаат светло обоени ликери и водка со многуте различни вкусови. Нивната омилена боја на коктелот е црвена, а за вкус најмногу го сакаат Космополитан направен од ликер од пoртокал, водка и сок од боровница, кој е одличен избор. Овните сакаат и жестоки пијалоци како што е штокот. Вкусот на ликерот од калина многу лесно може да го загрее овенот.
Бик
Најомилениот пијалок на Бикот е пивото. Во марката на пиво ги вклучува сите домашни производители. За некое излегување во диско тие можат да се напијат и Корона и Хајнекен. Жените во знакот на Бик сакаат секси и убави розеви бои на пијалокот, пијалоци како Пина Колада и Сингапур Слингс. Мажите би преферирале убав шот од бурбон или некој од новите миксови на пијалоци како што е водка со Ред Бул.
Близнаци
Овој знак има добар вкус кога станува збор за алкохолни пијалоци. Големи обожаватели се на вината, но повеќе го сакаат белото вино и сите негови вкусеви. Исто така ги сакаат софистицираните и чудните вкусови на коктелите како што е Тики коктелот, Стингерс или Пинк Кадилакс. Јегерот им е најомилен од кратките пијалоци, исто така знаат понекогаш да уживаат во текила со пиво(подморница). Белото вино го сакаат со мезе од кашкавал.
Рак
Ракот го сака вкусот на рум и сите коктели што се базираат на рум како што е Кубанското Мохито. Ја сакаат Сангријата која што е помешана со овошје и други пијалоци во кои има благ вкус . Најомилен јак пијалок им е Текилата. Ирскиот Бејлис го обожаваат и сите други пијалоци што се слични на овој поради присуството на чоколадо.
Лав
Овој знак го сака џинот и коктелите базирани на водка со лимон или сок од лајм. Всушност постои пијалок Leo кој е специјално направен од лајм, cointreau(безбоен ликер со вкус на портокал), Пернод и ликер од ментол. Ги сакаат и ликерите од портокал. Лавот го сака и темното пиво, но кога го пијат Пернод најмногу им се допаѓа чувството на дезориентираност.
Девица
Специјалните вина од специјални и префинети берби им се омилени. Пијалокот Сидер го обожаваат. Коклтелите Блади Мери и Скрудрајверс им се допаѓаат бидејќи овие коктели во исто време се егзотични, но и здрави. Чашка Шери после вечера најмногу им одговара на овој традиционален хороскопски знак.
Терезија
Терезиите уживаат во елегатноста на шампањот, особено на поскапиот шампањ. Мидори или Касис се омилените на овој знак. Терезијата ја привлекува убавината и уметноста , така што секој коктел кој што е префинето направен и декориран би бил одличен за овој знак. Black Russiаn е водка со Kahlua, е повеќе од одличен избор за овој знак, кој што ги сака благите вкусови на пијалоците.
Скорпија
Скорпијата ги сака тешките, жестоките, скапите вискија и бурбони. Ја сакаат богатата содржина на црвеното вино, румот и брендито. Се што ќе му биде послужено на овој знак во тркалезна чаша (чаша за бренди), сето тоа ќе го привлече уште повеќе.Марнир им е омилен шот. Како апетисан би сакала Скорпијата да има нешто што има благ вкус.
Стрелец
Стрелците обожаваат коктели, како што се Лонг Ајленд, Хуракејн.Овој авантурист сака и пијалоци од друга култура како што е Бразилската Капириња, ја сака и Маргаритата, направена со добра квалитетна текила. Стрелците се познати пијачи, дури се вели дека можат да победат на доста натпреварувања кога станува збор за пиење на шотови со чиста текила или скоч.
Јарец
За специјални пригоди Јарците обожаваат шампањ и коктели направени од шампањ. Всушност најмногу што преферираат е бело вино и жестоки пијалоци, како што се Вермонт или Џин.Го сакаат коктелот со квалитетна водка со маслинки. Исто така сакат да прават експерименти со вкусовите во коктелите, да мешаат благи и солени вкусови.
Водолија
Овој ексцентричен знак ги сака невообичаените коктели, како што се Jello шотовите и тренди пијачките како што е Помити (микс од помегранте, водка, лајм и грозје). Тие исто ги сакаат невообичајните изгледи на коктелите како што е Тиди-Боул, кој што е направен од мартини кое што свети сино благодарение на Blue Curacao. Водолиите го сакаат Пернод пијалокот кој што ги прави да се чувствуваат на високо ниво.
Риби
Рибите го сакаат пијалокот кој содржи лимонада или пунч направен од рум, бренди и со многу сокови од разно овошје. Исто така знат да се напијат и Сангрија понекогаш.Повеќето од Рибите сакаат бело вино или ледено вино со десерт. Едноставниот вкус на пивото е најчестото нешто што го имаат во фрижидерот, бидејќи овој знак сака навистина работите да бидат поедноставни. Повеќето од Рибите како хоби сакаат да бидат дегустатори на вина. Омилената пијачка после вечера им е Kahlua или Grand Marnier.
Поврзани статии:
5-те најголеми мани на хороскопските знаци
Кои се ерогени зони на хороскопските знаци?
Хороскоп — 10 нешта што ги нервираат знаците
Пронајдете не на следниве мрежи: