Украинскиот тенисер Сергеј Бубка, син на истоимениот легендарен атлетичар, е повреден денес откако падна од трет спрат од хотелската соба во Париз.
Според пишувањата на француските медиуми, 25-годишниот Бубка бил заклучен во купатило, од таму сакал да преку прозор отиде во собата во која бил неговиот пријател.
Тој е пренесен во болница а повредите според информациите не се опасни по неговиот живот.
Фото: Eurosport
Пронајдете не на следниве мрежи: