Актерот Џони Деп, кој годинава ја заврши 14 годишната врска со француската актерка Ванеса Паради, почна повторно да излегува на состаноци од холивудската убавица Амбер Херд, која одлучи да му даде втора шанса, откако цел месец актерот и испраќаше цвеќе и негови лични песни на нејзина адреса.
49 годишниот актер го потврди крајот на врската со французинката. Ова лето, за време на снимањето на филмот “The Rum Diary”, Џони Деп ја запозна прекрасната 26 годишна актерка и според изјавите на неговите пријатели, тој веднаш се заљубил во неа. Тогаш тие почнале да се гледаат интензивно, но Амбер го прекинала контактот, поради тоа што не била спремна за сериозна врска.
Но Џони Деп не се откажал толку лесно, пракајќи и писма, цвеќиња и љубовни поеми на актерката. Тој го правел сето ова околу еден месец, се додека актерката не се согласила да му даде уште една шанса. Откако тие ја обновиле својата романса, заминале на романтичен одмор на приватен остров.
Поврзани статии:
Џони Деп влезе во светот на книгите
Ванеса Паради го замени Џони Деп за милијардерот Гај Дејвид
Ванеса Паради без шминка
Пронајдете не на следниве мрежи: