Државното обвинителство на округот Ломза на североистокот на Полска во петок против 41 годишна жена од тамошното село Хиполитова покрена обвинение за убиство на пет свои новороденчиња во периодот меѓу 1998 и 2012 година.
„Знаеме дека од 1998 до 2012 година жената родила шест деца, четири машки и две девојчиња. Сите деца се родени живи, но заклучивме дека пет од тие шест се мртви.
Во тек е истрага за да се утврди што се случило со шестото дете“, изјави портпаролката на обвинителството Марија Кудјуба.
Посмртните останки на децата се пронајдени во подрумот и на таванот на куќата во која жената живеела со своите две други деца, на возраст од 7 и 10 години, и со партнерот. Децата се сместени во други семејства.
Жената има уште две возрасни деца, од бракот со мажот кој починал пред неколку години.
„Жената ја криела бременоста. Не се снаоѓала најдобро во животот, имала проблеми со алкохолот и била на социјална помош“, изјави за дневниот весник Gazeta Wyborcza портпаролот на судот во Ломза, Јан Лесчевски.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: