Џони Деп е личност на која тешко може да се одолее…неговата мистичност веројатно е таа која ве привлекува кон него.
Како еден од оние со интересен карактер во Холивуд, решивме да ги одвоиме неговите најдобри цитати со цел да го запознаеме подобро неговиот карактер…
„Сите ние сме оштетени на свој начин. Никој не е совршен. На секој еден од нас му недостига нешто.“
„Животот е навистина убав и зошто не би бил? Па ја сум пират, зарем не?“
„Мислам дека никој не е подготвен за смртта. Можете само да се надевате дека кога ќе дојде ќе се чувствувате дека сте кажале се што сте сакале да кажете. Никој не би сакал да замине среде реченица.“
„Ако сакате двајца луѓе во исто време, одберете го вториот. Затоа што ако навистина го сакавте првиот, немаше да се заљубите во вториот.“
„Има 4 прашања вредни во животот: Што е свето? Од што е направен духот? За што вреди да се живее? И за што вреди да се умре? Одговорот на сите нив е ист. Само љубовта!“
„Кога децата имаат една година, тоа е како да се дружите со минијатурен пијаница. Мора да ги држите, се судруваат со работите, се смеат, плачат и повраќаат.“
„Не можете да ја планирате таа длабока љубов која ќе резултира со деца. Татковството не беше свесна одлука, тоа беше дел од прекрасното возење од кое бев дел. Тоа беше судбина.“
„Она што го научив од мојата работа е дека е сосема во ред да се биде поинаков. Дека треба да си поставиме прашања пред да осудиме некој друг кој изгледа поинаку, се однесува поинаку, зборува поинаку или има поинаква боја на кожата.“
Погледнете ги и следниве статии:
Џони Деп влезе во светот на книгите
Амбер Херд му даде втора шанса на Џони Деп
Почина член од екипата на снимањето на новиот фил на Џони Деп
Пронајдете не на следниве мрежи: