Скоро 93% од нашата меѓусебна комуникација е невербална. Говорот на нашето тело отсекогаш ќе биде она нешто што и без да говориме ќе го кажува она нешто што го мислиме. Секако тој body language е неизоставен и задолжителен дел во секоја врска, но несекогаш ќе бидете среќни кога тој говор ќе ги издаде оние нешта што се обидувате да ги прикриете, вашите лаги.
Во продолжение прочитајте кои се неколкуте знаци кои би ви откриле кој е лажгото во врската.
Обрнете внимание на деталите во кажаните ''приказни''
При запознавањето со вашиот партнер, секогаш обрнете внимание на начинот на кој ќе ви кажува како му поминал изминатиот ден, начинот на кој ќе би ги раскажува работите од неговото минато, едноставно проценете дали едната иста приказна е двапати кажана на истиот или различен начин. Добриот лажливец секогаш ќе има подготвено приказна или изговор однапред, не допуштајќи ви да го разоткриете со дополнителни прашања. Но бидете итри со секоја кажана работа намамувајте го на начин да ја проширува веќе кажаната приказна, тогаш тој нема да внимава на веќе кажаните детали, а вие ќе бидете во предност.
Нападот како најдобра одбрана
Секое ваше поставено прашање го сфака како личен напад, притоа обидувајќи се да ве наведе вие да се чувствувате како виновник во таа ситуација, за да на крајот зажалите што сте се посомневале во него. Едноставно и функционално, вие секогаш ќе бидете онаа која ќе биде виновникот, а тој ќе го добива она што ќе го посака. Бидете силни и спротиставете се на ваквата ситуација, притоа забележувајќи ја реакцијата од спротивната страна.
Премногу внимание и скапи подароци – Уклучете го алармот
Изненадувачка промена во однесувањето на вашиот партнер, премногу внимание кога тоа најмалку го очекувате, премногу скапи подароци кои не ги посакувате. Однесување кое се поистоветува со веќе направена прељуба или кажана лага за која мажите несвесно мислат дека би ја поправиле и оправдале на овој начин.
Мобилниот телефон е негова опсесија
Промена на однесувањето на вашиот партнер. До неодамна не му беа важни излегувањата за време на викендот, а сега не би можел без нив. На својот мобилен телефон разговара многу почесто кога вие не сте во негова близина, притоа криејќи го кога сте покрај него. Вознемиреност при повик или пристигната порака притоа занемарувајќи ги или едноставно додавајќи дека е нешто што е небитно.
Верувајте му на својот инстикт – но оставете и простор за оправдување
Сомневањето во искреноста на вашиот партнер, би предизвикало барање по неговите работи причина за да го оправдатате сомневањето, но наместо да си играте детективи, верувајте му на својот инстикт и соочете се со него. Оставете простор за оправдување и објаснување од другата страна, но не потклекнувајте да вие бидете повторниот виновник во дадената ситуација.
Погледнете ги следниве статии
Вашиот партнер направете го подобар љубовник
Откриени најголемите тајни на мажите
Неверојатни факти за сексот
Пронајдете не на следниве мрежи: