Нешто ново и од Елена Ристеска

 

 

 

 

Сите сме во исчекување да слушнеме и видиме нешто ново од Елена Ристеска. Таа релативно долго време направи пауза од нашата музичка сцена. Во меѓувреме таа се омажи и го смени својот стајлинг.

Иако изворите велат дека таа тоа го направила само за потребите на спотот, изгледа овој нов изглед на Елена и се допаѓа па таа решила да го задржи уште некое време. Нејзиниот нов стајлинг многу потсетува на оној на Кристина Агилера.

Елена Ристеска ја најавува промоцијата на спотот за нејзиниот најнов сингл „Опасно време“, со кој се враќа на естрадата, објави нејзината продукција „М2“.

Елена Ристевска во спотот се појавува со нов стајлинг и стана црвенокоса, а во видеото се појавува со зелени очи. Во спотот се појавуваат и актерите Славиша Кајевски и Нино Леви. Спотот е сниман на дваесеттина локациии во Скопје и Охрид.

Песната “Опасно време“ е снимена во студиото “Димитрови“. Автор на музиката, аранжман и продуцент е Дарко Димитров, а текстот е дело на Мирко Попов од „Пи-ем-џи“ и Елена Ристеска.

 

Погледнете ги и следниве статии:

ФОТО: Елена Ристеска продолжува со промените во својот живот

 

 

 

 

Александра Накова – црно бела галерија

 

 

 

 

 

 

Наташа и Влада-емоции кои не можат да се сокријат

 

Пронајдете не на следниве мрежи: