Колекционер на 7.000 коски од животни

Уживам да го тргам месото од черепите и коските, притоа средувајќи ги, изјави неодамна за  National Geographic, Ray Bandar (84) пензиониран биолог од Сан Франциско, кој додаде дека не гледа ништо чудно во тоа и дека нема и не гледа разлика помеѓу ''свежите'' штотуку умрени и веќе распаднати животни.

Овој старец е веќе 50 години колекционер на коски од животни. Неговата пасија започнала во неговата дамнешна младост, а тој денес во светски рамки се смета за најголемиот собирач, колекционер на коски, со колекција од околу 7.000 коски.

Надоградувањето на колекција во текот на годините ја овозможувал благодарејќи на локалните зоолошки градини, музеи како и животински населените места во Африка, Австралија и Мексико.

На коските гледам како на еден куп скулптури и вид на уметност, изјавуил Bandar. Но луѓето кои ја имале можноста да го видат како ги сече и чисти распаднатите животни, изјавуваат дека ова и не го доживуваат како еден вид на уметност. 

Сепак и покрај морбидноста на оваа невообичаена колекционерска страст, Ray со својата пасија успеал да допринесе нови битни информации на полето на науката.

 

 

 

 

 

 

Погледнете ги следниве статии

 Хумор: 12 типови на луѓе што ќе ги сретнете на Facebook

 

 

 

 

 

 Четиригодишно дете скокајќи на својот кревет излетало низ прозорот

 

 

 

 

 Најстариот град во Европа е откриен во Бугарија

 

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: