Џастин Џедлика е познат како човечката кукла Кен бидејќи навистина може да се каже дека изгледа така.Со 90 пластични операции на своето лице тој сакал да ја постигне целта и да изгледа совршено.
За да изгледа перфектно тој има потрошено повеќе од 100 000 долари и не планира да престане да оди под нож.
Кога ќе го погледнете Џастин изгледа како да гледате во едно младо момче со издефинирани мускули. Неговото лице можеби издава дека е резултат на хируршки зафати, но дали можете истото да го помислите и за неговите мускули? Неговите мускули не се резултат на добар тренинг, туку всушност тоа се силиконски импланти кои се вметнати како во неговите стомачни мускули, така и во бицепсот, трицепсот и неговиот задник.
Екстремната трансформација на Џастин била покажана во емисијата „20/20 Going to Extremes“ на ABC. Кога водителката му го поставила логичното прашање „Зошто едноставно не вежбаш за да добиеш бицепси и трицепси?“, Џастин одговорил: „Тоа воопшто не е возбудливо, не е гламурозно, не е извонредно“.
Првата операција Џастин си ја направил за да го коригира изгледот на носот. Сега, и по пет операции на носот, тој сè уште не е целосно задоволен од неговиот изглед иако докторите предупредуваат дека тоа не е добро по неговото здравје.
Погледнете ги и следниве статии:
Бразилска убавица умрела за време на липосукција
Ја тужел жена му затоа што била грда
Жена починала по третман во салон за разубавување
Пронајдете не на следниве мрежи: