Во Русија поставена кутија за оставање на непосакуваните бебиња

Кутија во која родителите можат анонимно да ги оставаат своите бебиња без ризик од судско гонење, е поставена на 31 окотмври во градот Киришиу, северозападна Русија.

Иако на прв поглед идејата за поставување на кутии за непосакувани бебиња предизвикало многу негативни реакции, руската јавност ја прифатила оваа акција.

Последната кутија, поставена во Киришиу е десетта во Русија, Стручњаците сметаат дека кутиите се дел од мерките спас на стотината напуштени бебиња годишно.

Организацијата „Колевка на надежта“, која ги поставила кутиите сооптила дека со тоа сака да го тргне вниманието на тој проблем.

Еден од последните случаи е момчето старо три дена најдено кон крајот на летото во пластична кеса во Санкт Петербург. Тоа за среќа преживеа и неодамна е посвоено.

 

 

Поврзани статии:

Јадете јајца за здраво бебе

Едномесечно бебе оди и испушта оган од својата уста

Таксист исфрлил мајка со бебенце надвор од своето возило

 

Пронајдете не на следниве мрежи: