Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков даде интересна изјава во јавноста каде вели дека го почитува Мурињо, но бидејќи е тренер на Реал Мадрид сепак морал да го мрази.
„Голем обожавател сум на Мурињо. Тој е мој пријател, но, тој е тренер на Реал Мадрид, и поради тоа морам да го мразам“ изјави 46-годишниот Христо Стоичков, поранешен фудбалер на Барселона кој забележа 177 настапи за тимот на Барселона, моментално е тренер на бугарскиот прволигаш Литекс.
Пронајдете не на следниве мрежи: