Мост во изградба во близина на селото Куримани во Словачка се урнал во петокот при што загинале три лица, соопшти за локалните медиуми портпаролот на противпожарната служба и регионалната служба за цивилна заштита на областа Прешов, Петер Ковалик.
Во уривањето на мостот, покрај трите жртви, уште пет луѓе биле тешко повредени, а осум полесно, јавува агенцијата TASR. Спасувачките екипи дошле на местото на несреќата, а на лице место пристигнале и министерката за здравство Зузана Зволенска и министерот за внатрешни работи Роберт Калинак.
„Премиерот Роберт Фицо е во контакт со министерот за внатрешни работи и министерството за сообраќај…. Тој ќе побара детална истрага за случајот“, рече портпаролката на премиерот, Беатриса Худакова.
Мостот во близината на селото Куримани „се урнал заедно со екипата којашто работела на неговата изградба“, изјави за агенцијата неименуван функционер.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Три мртви девојки во стампедо во Мадрид
Три мртви лица од студ во Полска
Двометарско цунами закана за Хаваи
Пронајдете не на следниве мрежи: