Един Џеко е одличен во тимот на Манчестер Сити, според статистиката тој постигнува гол на секои 56 минути, но и тоа не го премислува Роберто Манчини да го вметнува овој фудбалер во преден план.
„Роберто Манчини е шеф на стручниот штаб и јас ги прифаќам сите негови одлуки и наредби. Често разговара со нас и е задоволен од моите излагања, сезоната е долга и ќе ја добијам приликата, затоа морам да бидам спремен“ вели Един Џеко во интервју за „The Sun“.
Пронајдете не на следниве мрежи: